Антибактериските сапуни – маркетиншки трик

Антибактериските сапуни што се користат за миење на раце, не се ништо поефикасни од обичните сапуни – открива новото истражување направено од научниците од Кореа.

Во истражувањето – што беше објавено во „Journal of Antimicrobial Chemotherapy“, биле испитувани ефектите на триклосан (што најчесто се користи како антисептичка состојка во сапуните), врз бактериите на два начина.

Во првиот случај биле испитани бактерицидните ефекти на триклосанот на 20 видови бактерии, а во вториот била испитувана способноста на антибактериските и обичните сапуни за отстранување на бактериите од рацете, кај 16 здрави волонтери. Резултатите покажале дека нема значителна разлика помеѓу ефектите од обичните сапуни и антибактериските сапуни кога се користат „во реални животни“ услови.

Научниците исто така направиле симулација на условите при миење на раце и ги изложиле бактериите 20 секунди на 0,3% триклосан, колку што е законски дозволенета концентрација. Значителни антибактериски ефекти биле забележани после повеќе од девет часа , но не и за време на краткиот период што е потребен за миење на рацете.

Поддржете ја нашата работа: