Овие морски рептили имале екстремно долги вратови, мали глави и екстремитети налик на лопатки за пливање. „Замислете си го митолошкото чудовиште од Лок Нес, и ќе имате многу добра идеја како изгледале“, соопштува Патрик Дракенмилер од универзитетскиот музеј на Алјаска. За прв пат е откриен еласмосаур во оваа држава.
Неговиот ’рбет е откриен од колекционерот Карвин Мецлер, кој всушност бил во потрага на фосилни без’рбетници. Коските се наоѓале некаде на пола пат од 18 метарската вертикална карпа. Тимот на Дракенмилер го посетил ова место во јуни. „Имаме добар дел од животното, но има уште доста за ископување“, велат тие. Се надеваат дека остатокот од скелетот ке го комплетираат следното лето.
Врз основа на коските кои се веќе успешно ископани, животното е долго најмалку 7,6 метри, а половина од тоа е само вратот. Во неодамнешната студија, истражувачите ги броеле пршлените на еласмосаурот откриен во 1800г. кој се сметал за ’рбетник со најдолг врат. Имал 72 вратни пршлени, што го прави еден од животните со најдолг врат (но не и најдолгиот врат).
Два други видови на морски рептили се откриени претходно во карпестите предели на Алјаска, ичтиосаурус со облик на делфин и „океански гуштер“ наречен талатосаурус.
Талогот во кој е пронајден овој нов скелет, бил положен на морското дно, отприлика пред 70-75 милиони години. Во тоа време, се’ било море, долж јужната маргина на Алјаска.