Апче за ХИВ

Таблетета која мора да се зема секој ден, на пазарот во САД ја има од 2012 година, а во тек се и тестирања низ целиот свет, во Африка, Азија, Јужна Америка и во неколку држави во Австралија.

Но, и покрај ветувачките резултати, истражувачите се воздржуваат од пренагласување на потенцијалот на лекот во борбата за спречување на ХИВ, поради тоа што неговата ефикасност брзо опаѓа ако се прескокне една таблета, како и поради постојаната стигма што ја следи употребата на лекот во САД.

Таблетета е позната и како „PrEP“ (pre-exposure prophylaxis). Според епидемиологот Џонатан Волк од Медицинскиот центар Кајзер Перманете Сан Франциско во САД и водач на истражувањето: „Ова претставува прва обемна студија за употребата на „PrEP“ во реални услови и укажува дека третманот може да го превенира ширењето на ХИВ инфекциите, дури и во услови на високо ризичен амбиент.

И во претходни истражувања се добиени слични, иако не така „совршени“ резултати. Во клиничкото истражување од 2012 година, со кое биле опфатени 2.499 мажи-хомосексуалци од шест земји (Бразил, Еквадор, Перу, Јужна Африка, Тајланд и САД), се покажало дека таблетата е 99 проценти ефикасна во превенцијата на инфекцијата. Врз основа на овие резултати Американската администрација за храна и лекови ја одобрила употребата на таблетата за сите кои сакаат, а не само за ХИВ-позитивните.

Според Центарт за превенција и контрола на болестите, таблетите го намалуваат ризикот од инфекции до 92 проценти, но само ако се земаат секој ден, без исклучок. Ако не се земаат континуирано, ефикасноста значително се намалува. Ова, од практични причини претставува проблем, бидејќи и во истражувањата каде лицата со најголем ризик биле платени секојдневно да ги земаат таблетите, често пати не успевале. Покрај тоа, во САД постојат критики поради можноста да се намали употребата на кондомите, што пак може да го зголеми ризикот од други сексуално преносливи болести.

Засега, истражувачите препорачуваат таблетите да се земаат секој ден, заедно со практикување на посебен режим за заштита од други сексуално преносливи болести. Во тек се и истражувања за да се утврди колку е ефикасна таблетата ако се земе пред и после секс, наместо секојдневно.

Поддржете ја нашата работа: