Ако сте загрижени како да го контролирате мирисот на своето тело или мислите дека вашите колеги од работа се премногу внимателни за да било што ви кажат доколку почнете лошо да мирисате, новата апликација може да ви помогне. Јапонската технолошка компанија започна со продажба на уред кој им овозможува на луѓето да го тестираат својот телесен мирис.
Џебниот детектор на мириси кој изгледа како мал диктафон, се спојува преку блутот со апликацијата на вашиот паметен телефон која ги открива потенцијално застрашувачките резултати на соодветно дискретен начин.
Компанијата Konica Minolta, која е позната како производител на фотоапарати и принтери верува дека во Јапонија, каде луѓето се особено чувствителни на мириси, постои пазар за овој уред.
Во јапонскиот јазик постои и збор за лицата кои со својот мирис им сметаат на другите – sumehara, што значи мирис кој вознемирува. Уредот за детекција на мириси е лансиран пред неколку дена во Токио.
Доколку сте почнале да се потите со не баш добар мирис, уредот ќе ве извести со порака. Новинарот кој ја испроба апликацијата почувствувал неизбежни последици од получасовното шетање по летното сонце. На неговиот смартфон му стигнала порака за да го потсети.
Daisuke Koda, од центарот за иновации, компанијата Konica Minolta, вели дека до идејата за изработка на овој уред дошле пред две години по направена дискусија со неколку колеги. Во дискусијата се зборувало за големите летни температури. Потоа дошле до идеја дека тоа е можеби прилика за нов бизнис, при што почнале да истражуваат подетално.
Истражувањата покажале дека ова е голем проблем кој го загрижува општеството во целост. Со помош на уредот можете да тестирате четири различни места на телото, блиску главата, позади ушите, под пазуви и околу стапалата. Уредот е достапен за корисници од Јапонија, како и дел од произвоите за него.
Првите клиенти имаат попуст на цените на мало од околу 265 долари, а на испораката ќе мора да почекаат до крајот на годината.