Apple додава два сосема нови гласови на Siri – стандардниот женски глас оди во историјата!

Од шестото „iOS 14.5“ бета ажурирање, корисниците на „iPhone“ и „iPad“ уредите ќе треба да го одберат својот посакуван Сири глас за време на подесувањето на уредот.

Со оваа промена, „Apple“ исто така воведува два целосно нови гласови за Сири кои се достапни за сите кои зборуваат англиски јазик низ светот.

„Возбудени сме што претставуваме два нови Сири гласови за оние кои зборуваат англиски јазик и опција за корисниците на Сири да го из берат гласот кога го подесуваат својот уред“ – соопшти „Apple“.

„Ова е продолжение на долгогодишната посветеност за разноликост и инклклузија, како и на производите кои се дизајнирани подобро да ја оддржуваат различноста во светот во кој живееме“, додаваат од компанијата.

Оваа вест е најнов пример за големите технолошки компании кои се обидуваат да отстранат било какви родови поврзаности со своите дигитални гласовни асистенти. Студии откриле дека кога за виртуелен асистент се подразбира женски глас, тоа може да ги зголеми прострасностите и негативните стереотипи.

Според некои проценки, Сири добива преку 25 милијарди барања месечно од повеќе од 500 милиони уреди.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt