Apple го претстави новиот поевтин iPad со поддршка на Apple Pencil

Деновиве во компанијата Apple беше претставен новиот iPad кој како и другите модели на Pro линијата користи поддршка за Apple Pencil, а со тоа се олеснува неговото користење и обезбедува многу други можности.

Од вчера, користењето на пенкало е возможно и на класичниот iPad. Apple го претстави новиот поефтин модел со цена од 329 долари, кој не носи некои поголеми промени и новитети, освен поддршката за користење на пенкало, за кое, се разбира треба одделно да платите, но сигурно ќе привлече голем број на љубители на оваа компанија кои размислуваат да купат нов таблет.

Новиот модел доаѓа со класични опции на постарите модели. 9,7 инчен екран, батеријата трае околу 10 часа, 8MP камера, а од предната страна FaceTime HD камера за видео разговори и на долниот дел од екранот TouchID, но и поддршка за Apple Pencil.


Во Apple се надеваат дека овој уред ќе го најде своето место во училиштата за да го користат американските студенти од градинка до средно училиште по цена од 299 долари, а со тоа компанијата претстави нова апликација за училишна работа, која ќе им користи на наставниците за полесно доделување на задачи и следење на напредокот на учениците.

Освен Apple, новитети за iPad претстави и Logitech – нов stylus чија цена изнесува 49 долари и футрола за заштита која може да се користи како тастатура. Нејзината цена изнесува 99 долари, но се чини дека овој уред нема да се појави на пазарот, туку ќе биде наменет само за едукативни установи и користење во училиштата.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt