Apple во својот нов кампус ќе ги пресели своите 12 илјади вработени од моменталното седиште во Купертино, Калифорнија, а тој процес ќе трае цели шест месеци. Во текот на тој период, ќе продолжат работите во кампусот и пред се ќе продолжи уредувањето на околината.
Кога ја предложи изградбата на новото седиште на Apple во 2011-та година, поранешниот директор на технолошкиот гигант, Стив Џобс, новото седиште го спореди со вселенски брод. Неговиот интерес за дизајн имал големо влијание на изгледот на зградата.
Стив Џобс почина во октомври 2011-та година, а во негова чест, салата со илјада седишта го доби називот Steve Jobs Theater. Сместена е на врвот на зградата, односно на една од највисоките точки на кампусот.
Соларниот покрив на Apple Park од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите на светот, а самата зграда ќе биде најголемата на светот која што ќе има природна вентилација. Поради дизајнот, нема да биде потребно ниту греење, ниту ладење во текот на девет месеци од една година.
Apple Park има 9 илјади стебла и пешачка патека долга три километри, а вработените во компанијата ќе можат да вежбаат во теретаните.
И покрај тоа што Apple води строга контрола околу приватноста на зградата, одредени делови од кампусот, кафетерии и центарот за посетителите со Apple Store ќе биде достапен за јавноста.