Постои еден регион во вселената каде што неколку супермасивни црни дупки се мистериозно синхронизирани и како резултат на тоа исфрлаат неверојатно моќни радио бранови во истата насока.
Астрономите за прв пат забележуваат ваков феномен и велат дека може да е резултат на флуктуациите на првобитната маса во раниот универзум.
„Со оглед на тоа што црните дупки не може да си разменуваат информации или директно да влијаат една на друга на такви огромни далечини, усогласувањето на нивното вртење сигурно се случило за време на формирањето на галаксиите во раниот универзум“, објаснува Ендрју Рас Тејлор, еден од истражувачите.
Но, ако го прифатиме ова, тогаш што ги предизвикало тие флуктуации на првобитната маса во раниот универзум?
Научниците се’ уште не знаат, но сметаат дека би можело да биде било што – од неверојатно силни космички магнетни полиња, најверојатно поврзани со егзотични честички како аксионите, па се’ до космичките жици, односно теоретски раседи во универзумот кои постојат помеѓу различни региони од просторот.
Врз основа на нашето сегашно разбирање на космологијата, ова не е нешто што научниците очекуваа да го откријат и ќе им бидат потребни уште многу помоќни телескопи за да го разберат и разјаснат, а со оглед на тоа дека најголемиот и најсензитивниот радио телескоп се очекува да се изгради до 2024 година, ќе треба да почекаме.
Ова откритие е објавено во „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.