Астрономите откриле едно од досега најмасивните тела во Универзумот

Интернационален тим на научници откриле досега непозната огромна концентрација од галаксии во соѕвездието Вела, што го именуваа Вела суперјато. Гравитацијата од оваа огромна концентрација на маса во нашето вселенско соседство, може да има важен ефект врз локалната група на галаксии, вклучувајќи ја и нашата – Млечниот Пат.

Суперјатата претставуват едни од најмасивните познати структури во Универзумот. Се состојат од помали галактички јата и се простираат и до 200 милиони светлосни години низ Универзумот.

Откритието е направено врз основа на податоците од неколку телескопи, меѓу кои телескопот „SALT“ во близината на Кејптаун, Англо –Австралискиот телескоп во близината на Сиднеј, како и од опсервациите со Х-зраци на галактичката рамнина.

Со помош на овие податоци астрономите пресметале со која брзина галаксиите над и под галактичката рамнина се оддалечуваат од Земјата. Пресметките покажале како сите тие се движат заедно – вкулучувајќи и многу галаксии кои не можат да се видат.

„Очигледно беше дека откривме масивна мрежа од галаксии што се протега многу подалеку од она што воопшто го очекувавме“- се вели во соопштението за печатот.

Според пресметките на истражувачите, суперјатото Вела има отприлика иста маса како и Шеплиевото суперјато кое содржи околу 8.600 галаксии и се наоѓа на оддалеченост од приближно 650 милиони светлосни години. Со оглед на тоа дека обично една галаксија содржи околу 100 милиони ѕвезди, истражувачите проценуваат дека Вела може да содржи помеѓу 1.000 и 10.000 трилиони ѕвезди.

58337ba6ba6eb620008b5ad5-904

Пресметките исто така покажуваат дека Вела се наоѓа на оддалеченост од околу 800 милиони светлосни години и се повеќе се оддалечува од нас, со брзина од приближно 18.000 километри во секунда. И покрај ваквото брзо оддалечување, влијанието на Вела сепак не може да се занемари. Истржувачите пресметале дека гравитацијата од Вега ја  забрзува локалната група галаксии, меѓу кои спаѓа и Млечниот Пат, за приближно 180.000 километри на час (50 километри во секунда).

Ова претставува огромно повлекување кое може да помогне да се открие целата приказна за тоа како нашата галаксија се нашла овде каде што е сега.

Наодите се објавени во „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

Поддржете ја нашата работа: