Атмосферата на Венера – Пекол на Земјата

Научниците заинтересирани за Венера, како и други екстремни места во Сончевиот систем, наместо да патуваат до нив, сега имаат друга опција за да ги проучуваат.

Новиот симулатор во истражувачкиот центар Глен на НАСА, во Охајо, може да ја репродуцира екстремно високата температура, страшниот притисок и атмосферските гасови на Венера и да создаде сличен таков пекол на Земјата.

Во внатрешноста на комората од нерѓосувачки челик, температурите достигнуваат повеќе од 480 степени Целзиусови, што е пожешко од површината на Венера. Истовремено, притисокот може да биде 100 пати поголем од тежината на атмосферата на Земјата на морско ниво. Ако се додаде јаглерод диоксид, која опфаќа 96% од атмосферата на Венера, азот и други хемикалии, научниците може одново да ја создадат физиката која ги обликува другите светови.

И други тест комори можат да ги репродуцираат компонентите на атмосферата на една планета, но кај оваа научниците планираат да постават инфраред спектометри, како и други инструменти, за да можат да гледаат како минералите еволуираат. Комората исто така, би можела да се подеси да се репродуцираат и средините на Јупитер и Сатурн, кои исто така се топли. А во иднина, со додавање на ѕидови за ладење, би можело да се репродуцира и Уран или други ледени светови. Долгорочната цел е да може да се репродуцира која било атмосфера на планетите.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.