Труењето со арсен од водата за пиење се уште претставува здравствен проблем за 137 милиони луѓе во повеќе од 70 земји низ целиот свет.
Но, новиот систем на филтрирање создаден од страна Австралиските истражувачи може да биде евтино и лесно технолошко решение, потребно за решавање на овој голем здравствен проблем, и што е најдобро од се, системот функционира со користење на рециклирани делови.
Тековните системи за отстранување на арсен од подземните води, како што обратна осмоза или размена на железо, не се исплатливи или ефикасни, значи дека тие не се од голема корист во земјите на кои навистина им се потребни, како на пример Виетнам и Бангладеш.
Тимот на научници од Универзитетот за технологија во Сиднеј (UTS), кој стои зад овој изум објаснува дека бидејќи труењето со арсен е толку бавен процес, многу луѓе без алтернатива на крајот одлучуваат да испијат вода во секој случај.
На крајот, луѓето кои ја пијат водата од чешма, страдаат од различни видови на рак или гастроинтестинални нарушувања, создавајќи огромен јавен здравствен проблем.
Во соработка со Националниот Универзитет во Виетнам, Виетнамската академија за наука и технологија како и локални Виетнамски партнери, научниците од Австралија направија нов дизајн на филтер, кој е прифатлив и едноставен да се создаде.
“Постојат три клучни компоненти на овој систем: органска мембрана, резервоарот / тапанот во кој се внесува мембраната, и порозни кертриџ направени од локално достапни индустриски отпадни производи”, вели водечкиот истражувач, Saravanamuth Vigneswaran.
“Ова одржлив систем заедно ќе ги зголеми локалните ресурси, минимизирањето на арсенот и загадувањето на животната средина за подобрување на здравјето и квалитетот на животот.” додава тој.
Мембраната – во основа е еден вид на селективна бариера. Со неа се отстрануваат бактериите и цврсти материи од контаминираните подземни води, што значи дека готовиот производ ќе биде чиста вода, безбедна за пиење.
“Филтрацијата може да се напојува со помош на гравитација, соларно или рачно-со пумпа. Мембраните ќе траат до три години, додека касетите апсорбираат арсен и периодично ќе се заменуваат со нови (на секои три до шест месеци)”, вели Vigneswaran.
“Отпадот ќе се преобразува во безбедни градежни материјали, па системот безбедно ќе располага со отпад од арсен”.
Научниците велат дека нивните производи ќе можат да се произведуваат, инсталираат и одржуваат од страна на локалните производители, што значи дека, кога веќе е воведен во регионот овој систем, ќе се отворат нови работни места за локалното население.