Бактерија која предизвикува болка во грлото кај младите

Наодите се објавени во „Annals of Internal Medicine“.

Од анализата направена на 312 студенти, истражувачите откриле дека кај повеќе од 20% од пациентите кои имале болки во грлото се детектира „Fusobacterium necrophorum“, наспроти само 10% на стрептококи од групата А и 9% од групата Ц или Г.
Овие наоди – истакнуваат истражувачите – би требало да се земат предвид од страна на докторите во случаи кога се работи за фарингитис кај млади луѓе кои се влошуваат, со оглед на тоа дека симптомите се многу слични.
Бактеријата  „F. Necrophorum“ е главен причинител на една ретка но потенцијално многу сериозна состојба наречена „Лемиеров синдром“ , за која често пати е потребна долга и комплексна интензивна болничка нега, а околу 6 проценти од заболените умираат. Лемиеровиот синдром се среќава кај еден на 70 000 адолесценти. Започнува со болки во грлото, по што за четири до пет дена следи инфекција на југуларната вена. Можна е и појава на локални гнојни воспаленија на други делови од  телото. Болеста била многу почеста и посмртоносна пред ерата на пеницилинот. Скоро искоренета поради рутинската употреба на антибиотиците, болеста беше речиси заборавена во последните 30 години. Но, со препораките за намалување на употребата на антибиотиците, болеста повторно се враќа во последните 10 години.

Агресивна антибиотска терапија би била соодветна за третман на фарингитис предизвикан од оваа бактерија, бидејќи реагира на пеницилин и други антибиотици. Но непостоењето на брз и соодветен тест за утврдување на присуството на „F. Necrophorum“, им ја отежнува работата на докторите. Затоа истражувачите препорачуваат докторите да препишуваат антибиотици врз основа на емпириските согледувања, во случаи на фарингитис каде состојбата се влошува.

Ова е првиот чекор од серијата истражувања што треба да се направат за да се утврди степенот на распространетост на „F. Necrophorum“, како и да се изработи практичен и лесно достапен тест со кој ќе се утврди нејзиното присуство – нагласуваат истражувачите.


 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt