3,5 милиони години стара бактерија од Сибир за продолжување на животот

Анатоли Брушков, шеф на одделот за геокриологија на Државниот Универзитет во Москва, инјектирал 3,5 милиони години стара бактерија од Сибир во своето тело и тврди дека тоа довело до значително подобрување на неговото здравје и нивото на енергија. Тој верува дека ДНК и гените во оваа бактерија може да го содржат лекот против стареењето.

Се работи за бактеријата наречена „Bacillus F“, првпат откриена во 2009 година во пермафростот на локалитетот натечен „Мамутска Гора“, во Република Јакутија на Сибир. Од нејзиното откривање, научниците, како професорот Сергеј Петров, шеф на истражувачите од Истражувачкиот центар Тјумењ, имаат направено различни експерименти на глувци и вински мушички кои покажале дека го стимулираат нивниот раст и го зајакнуваат имуниот систем. Експериментите направени на човечки еритроцити и леукоци, исто така се ветувачки.

Сепак, научниците сѐ уште не се во можност да го откријат механизмот според кој оваа бактерија функционира. Засега, научниците знаат дека постојат биолошки активни супстанции во бактеријата кои можат да го активираат имунолошкиот систем кај експериментлните животни. Кога истата супстанција би им се инјектирала на луѓето, тоа би можело да доведе до значително подобрување на нивното здравје.

Брушков и неговиот истражувачки тим го комплетирале дешифрирањето на ДНК на бактеријата, па дури успеале потполно да ги реставрираат секвенците на гените во неа. Сега научниците работат на тоа да откријат кои гени се одговорни за долговечноста на бактеријата и кои протеини ја штитат структурата на ДНК од оштетување. Со други зборови, што е тоа што и обезбедува виталност на  бактеријата.

Откривањето на овој механизам за долговечност кај бактеријата, би можело да има значително влијание и за здравјето кај луѓето. Инјектирањето на бактеријата би можело да помогне да се зголеми нашата природната одбрана во текот на стареењето.

„Ако откриеме како бактеријата преживува, веројатно ќе најдеме и лек за да го продолжиме нашиот живот“- вели Брушков.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt