Научниците конечно со одговор: Што ја предизвикува Алцхајмеровата болест?

Неколку лаборатории од разни страни на светот, независни една од друга, чекор по чекор дошле до одговор на прашањето кое со децении ги мачи лекарите и милиони други луѓе во светот – која е причината за појава на Алцхајмерова болест?

Светските медиуми од неодамна почнаа да сугериаат да се посетува стоматолог или невролог доколку непцата крварат додека се мијат заби. Болеста на непцата, имено предизвикана од бактеријата Porphyromonas gingivalis, освен што ги уништува забите и оралното здравје, се чини дека предизвикува и Алцхајмерова болест.

Сепак, токсините кои ги испушта оваа бактерија можат да се блокираат со лекови и со тоа да се запре напредокот на Алцхајмеровата болест, или можеби само да ги намали симптомите.

Оваа година се очекува да биде започната голема клиничка студија во која ќе се испитува дејството на лекот, а се спомнува и вакцина против Алцхајмер.

Доколку клиничката студија даде резултат на кој се надева научната заедница, ова би можело да се смета за едно од најголемите откритија на 21 век, со оглед на тоа дека според податоците од СЗО, на светот живеат околу 30 милиони лица кои страдаат од Алцхајмерова болест.

Секои две децении бројот на заболените е двојно поголем, а моментално деменцијата е петта најчеста причина за смрт ( Алцхајмеровата болест е убедливо најголем предизвикувач на деменцијата). Болеста е зачестена во неразвиени и средно развиени земји, а најголема епидемија во наредниот период се очекува во Кина и Индија.

Симптомите обично се јавуваат постепено, манифестирајќи се со заборавеност или краткотрајно губење на меморијата на околу 60-65 годишна возраст. Сепак болеста брзо напредува и влијае на говорот, самостојноста, движењето, фината моторика и слично. Пациентите на кои им е дијагностицирана болеста обично живеат уште три до девет години.

По причинителот на болеста забрзано се трага веќе со децении и постојано се пишува за мноштво хипотези, од тоа дека причинител е генетиката до тоа дека е високиот притисок.

Една анализа покажала дека од 1998 до 2014 година забележани се 123 неуспешни обиди за развивање на лек за Алцхајмер, а секој таков обид предизвикувал полемика и големо незадоволство во научната заедница, како и меѓу оние кои ги финансираат таквите истражувања.

Новите откритија, врзани за токсините од бактеријата Porphyromonas gingivalis се уште пострашни кога веќе знаеме дека околу третина од луѓето имаат заболување на непцата. Се поставува прашањето дали сите тие на старост ќе страдаат од Алцхајмерова болест?

Истражувачите објаснуваат дека за развојот на Алцхајмерова болесте е врзана со акумулацијата на протеини и тауринот во мозокот бидејќи тие ги уништуваат невроните. Таа врска се испитува веќе со години, но таквата претпоставка до сега беше секогаш отфрлана и преиспитувана бидејќи е утврдено дека истите е можно да се присутни во мозокот, но не и дека ја предизвикуваат болеста.

Имено, анализата на мозоци на луѓе кои живееле подолго од 90 години, и до крајот на животот одржале одлична меморија, покажала дека дури и нивниот мозок, следен од научниците, ги покажува сите знаци на болеста во напредна фаза, пред се значајна количина на амилоиди и таканаречениот плак. Меѓутоа, од некоја причина, болеста не се манифестирала.

Арас Резваниан од Универзитетот во Чикаго наведува дека тие луѓе имале некаков механизам на заштита од токсичните протеини и Алцхајмеровата болест, додека за другите се тврди дека очигледно тој плак нема врска со Алцхајмер. Дури и обидот за отстранување на плакот доведува до полоша состојба како отекување на мозокот.

Сега изгледа конечно откриле – амилоидите не се причинители на болеста, туку начинот на кој телото се бори со бактеријата, но не нужно и симптомите на болеста. Имено, една неодамнешна студија на начна оваа тема, испитувајќи ја врската помеѓу меморијата и присуството на бактеријата во крвта. Испитаниците кои имале орални проблеми на непцата биле во лоша состојба. Што повеќе бактерии – мозокот им бил во полоша состојба.

Врската е докажана и при испитување на лабораториски глувци – штом истражувачите ги заразиле со оваа бактерија, болеста почнала да се развива.

Фармацевтската компанија Cortexyme од Сан Франциско, која го водела ова истражување, на заболените глувци потоа им дала антибиотик кој ја уништува оваа бактерија, меѓутоа неговото дејство не било толку ефикасно и бактеријата набрзо станала резистентна.

Затоа развиле супстанца, таканаречен инхибитор бактериска протеза која го блокира создавањето на штетни протеини и кај веќе заболените глувци инфекцијата се намалила, како и производството на амилоиди, а дури и некои оштетени неврони опстанале.

Истражувањето е објавено во списанието “Science Advances”.

Поддршка за ова истражување даваат фармацевтите од споменатата компанија и истражувачи од вкупно 13 угледни универзитети и медицински центри кои заедно дошле до истиот заклучок.

Поддржете ја нашата работа: