Бермудски триаголник во вселената

Злогласениот Бермудски триаголник е област во Атлантскиот Океан која ги опфаќа Бермуда, Порторико и дел од Флорида, и за која многумина веруваат дека е проколната. Се смета дека голем број на авиони и бродови потонале, па дури и исчезнале во оваа област, што довело до шпекулации дека тоа е центарот на некој вид на паранормален вител.

Биле направени голем број на истражувања кои докажале дека не се случува ништо сомнително тука. Бројот на исчезнати авиони или бродови е значително претеран, често од страна на истражувачите и писателите кои сакаат да си ги продадат книгите.

Но, се чини дека навистина постои вакво „проколнато“ место во вселената каде што компјутерите и сателитите одеднаш се исклучуваат, а телескопите не работат. Овие технички проблеми, за разлика од оние во Бермудскиот триаголник, се вистински и добро документирани. Поради тоа, некои ја нарекуваат оваа област „Бермудскиот триаголник во вселената“, а всушност се протега и 3.000 км. јужно од Бермуда, но е поточно позната како „Јужно-Атланска аномалија“ и нема ништо мистериозно во врска со неа.

Оваа аномалија е откриена е во 1958 година и е дел од Ван Аленовиот појас кој бил откриен во истата година. Оваа прстенеста област од наелектризирани честици е всушност заробена соларна радијација – резултат на соларниот ветер заробен од магнетосферата. Надворешниот прстен е главно составен од електрони, додека внатрешниот од електрони и протони. Овие протони ги одземаат електроните од атомите, па така тие во големи дози би биле штетни за луѓето. За среќа, надворешниот појас се доближува најмногу до 1.000 км. од Земјата па нема потреба да се плашиме.

Но, над Бразил се доближува до 200 км. при што сателитите и вселенските станици се изложени на наелектризираните честици. Како што технологијата напредувала и станала се помала, така станала и почувствителна на ефектите на аномалијата. Така на пример, во таа област, компјутерите во Меѓународната вселенска станица имаат голема веројатност да се оштетат или пак телескопот Хабл кој во таа област намерно не работи за да избегне оштетување на своите сензори.

Поддржете ја нашата работа: