„BlackBerry“, некогашните кралеви на игрите за паметни телефони и шампиони за физичките тастатури, конечно се откажуваат од правењето на телефони.
Оваа вест доаѓа по најновите квартални финансиски извештаи на канадската компанија, каде што Џон Чен, извршен директор и претседател на „BlackBerry“ ги соопшти плановите дека ќе се фокусираат на софтверот, и ќе го остават правењето на телефони на други луѓе.
„Според оваа стратегија, ние ќе се фокусираме на софтверскиот развој, вклучувајќи ја безбедноста и апликациите. Компанијата планира да стави крај на внатрешниот развој на хардверот и ќе ја набавува таа услуга од партнерите. Ова ни овозможува да ги намалиме капиталните барања и да се подобри повратот на вложениот капитал“ – изјавува тој.
Ова не е големо изненадување. Претходно оваа година, персоналот на „Capitol Hill“ беше известен дека кога ќе се потрошат залихите на „BlackBerry“, ќе мора да преминат на „iPhone“ или „Android“ уреди, бидејќи нема да се произведуваат нови.
Влегувањето на „BlackBerry“ во модерниот „пост – iPhone“ свет беше проблематично уште на самиот почеток. Кога „BlackBerry“ ги објавија своите први телефони во 2013-тата година, реакцијата беше релативно млака, и покрај забавното враќање кон телефоните со тастатури како што е „BlackBerry Q10“ и „square-shaped Passport“. Потоа следуваше „Priv“ кој користеше андроид систем наместо сопствениот систем на „BlackBerry“, но, очигледно и тоа не беше доволно.
Финансиските извештаи на компанијата покажуваат дека софтверот е во пораст и се’ уште ја одржува компанијата жива и здрава, но време е да се ослободат од непотребната тежина, а тоа се всушност телефоните. Ова е навистина крај на една ера.