Борба за „тронот“ кај меркатите

Овие животинчиња со слатко невино лице, всушност се ладнокрвни убијци. Борбата за опстанок во природата е секојдневие, но меркатите достигаат сосема ново ниво.
Група Британски научници набљудувале 12 групи на меркати. Д-р Метју Бел од Универзитот во Единбург вели: „Начинот на живот на овие животни е парадоксален. Алфа женките ги напаѓаат своите младенчиња, ги протеруваат, а неретко и ги убиваат“.

Хиерархијата за овој вид е многу важна. Доминантните членови буквално ги потиснуваат останатите и прават се за да го задржат „тронот”.

Иако овие резултати се очекувани, нивото на злоба е тоа што изненадува. Женките во групата постојано се напаѓаат меѓусебно, со цел да останат алфа репродуктори. Социјалната структура на овие групи е една од најсложените во животинското царство. Една група брои од 20-50 членови. Протераните меркати претрпуваат значителен стрес, губиток на тежината и им се намалуваат шансите за преживување.

Мора да се напомене дека и некои глодари, инсекти и мравки ги напаѓаат своите младенчиња, но кај меркатите е интересно тоа што тие воопшто не изгледаат агресивно.

Поддржете ја нашата работа: