Необична причина зошто мажјаците горили поминуваат повеќе време со младенчињата

Новите истражувања покажуваат дека мажјаците горили се поуспешни во репродукцијата доколку посветат повеќе внимание на играта и одморот со своите потомци, или дури со потомци на други горили.

Научницит од Универзитетот Нортвестерн, Институтот за еволуциона антропологија Макс Планк и од Дајен Фоси, фондацијата за горили, истражувале зошто мажјаците од планинск горили поминуваат толку време со младенчињата во својата група, иако не знаат кои им се родители. Студијата покажала дека овие горили се многу поуспешни во репродукцијата.

Стејси Росенбам од Универзитетот Нортвестерн, која е творец на оваа студија, пред неколку години открила дека мажјаците горили не ги третираат своите биолошки младенчиња ништо поинаку од другите младенчиња во групата. Преку истражување, одлучила да разбере зошто баш горилите се однесуваат поинаку во однос на другите цицачи.

Студијата покажала дека мажјаците горили кои поминуваат повеќе време со младенчињата имаат поголеми шанси за репродукција кај женките. Мажјакот кој најмногу време поминувал со младите има пет пати повеќе младенчиња од мажјакот кој најмалку време поминувал со малите.

Познато е дека планинските горили се натпреваруваат за да добијат шанса за репродукција, но ова истражување покажува дека тој процес е посложен отколку што се мислеше порано.

Кога станува збор за луѓето, истражувањата покажуваат дека кај мажите тестостеронот е во опаѓање кога стануваат родители. Ако е ист случајот и кај горилите, тогаш горилите кои се родители можеби имаат проблеми со конкуренцијата, а научниците би можеле да откријат многу повеќе причини за нивното однесување.

Поддржете ја нашата работа: