Конзумирање на само 30 мл. концентриран сок од боровинки секој ден, може да ја подобри функцијата на мозокот кај старите лица, покажало едно ново истражување од Универзитетот Ексетер во Велика Британија.
Истражувањето е спроведено на лица на возраст помеѓу 66 и 77 години. Тие добивале 30 милилитри концентриран сок од боровинки (еквивалент на 230 грама боровинки), еднаш дневно во период од 12 недели. Резултатите покажале дека дошло до подобрување на нивните когнитивни функции, до подобар проток на крв во мозокот и побрза активност на мозокот при извршување когитивни тестови.
„Со стареењето, нашите когнитивни функции имаат тенденција да опаѓаат, но претходни истражувања покажале дека когнитивните функции, кај здрави стари лица можат подобро да се зачуваат преку исхрана богата со растителни продукти.
Нашето истражување покажува дека само 12 недели секојдневно конзумирање на 30 мл. концентриран сок од боровинки доведува до подобрување на активноста на мозокот. Боровинките даваат енергија и ги подобруваат когнитивните функции и тоа на здрав начин“ – вели Џоана Баутел од Универзитетот Ексетер.
Боровинките се богати со флавоноиди кои поседуваат антиоксиданти и антивоспалителни својства. Флавоноидите се најверојатно главата компонента која ги придзвикува овие ефекти.
Ова вкусно овошје исто така се препорачува и за превенција на различни заболувања, како срцевите болести, болестите на уринарниот тракт, како и за за регулирање на шеќерот и маснотиите во крвта.
Боровинките се корисни и за лицата кои се борат со прекумерната тежина, бидејќи благодарение на вакната што ги содржат даваат чувство на ситост.