Гулабите се способни да маневрираат со две задачи одеднаш, еднакво брзо како и луѓето, па дури и побрзо од нас во некои ситуации. Овие се наодите на биопсихолозите кои направиле еднакви експерименти за однесување кај птиците и луѓето. Авторите на студијата претпоставуваат дека причина за предноста на гулабите е нивната погуста невронска густина.
Д-р Сара Летцнер и д-р Онур Ѓунтуркан од Универзитетот Рур-Бохум објавиле резултати во списанието Current Biology, во соработка со д-р Кристијан Бесте од Универзитетската болница Карл Густав Карус на Дрезденскиот универзитет за технологија
“Долго време научниците веруваат дека церебралниот кортекс кај цицачите е анатомска причина за когнитивните способности, кои обично се состои од шест кортикални слоеви. Сепак таква структура кај птиците не постои. Тоа значи дека структурата на кортексот на цицачите не може да биде одлучувачка за сложени когнитивни функции како мултитаскингот”, вели Сара Летцнер.
Кај птиците нема слоеви кои се споредливи со оние во човечкиот кортекс, но птичјите неврони се погусти отколку оние во човечкиот церебрален кортекс. Како резултат на тоа, просечната оддалеченост помеѓу два неврони кај гулабите е 50 отсто пократка отколку кај луѓето.
Бидејќи брзината на пренос на сигналите на нервните клетки е еднаква кај птици и цицачи, научниците претпоставиле дека информациите се обработуваат побрзо во птичјиот мозок отколку во мозокот на цицачите.
Тие ја тестирале хипотезата со помош на вежби кои содржат повеќе задачи, а ги изведувале 15 луѓе и 12 гулаби. Во експериментот, сите учесници, и луѓе и птици морале да ја запрат задачата која била во тек, и да се префрлат на алтернативна задача колку може побрзо. Во некои случаеви, гилабите биле пбрзи од луѓето за 250 милисекунди. Научниците претпоставиле дека гулабите мора да имаат предност над луѓето, токму поради поголемата густина на нивните нервни клеки.
“Научниците од полето на когнитивната неврологија веќе долго време се прашуваат дека некои птици, како што се врани или папагали, се доволно паметни за да бидат исти со шимпанзата во однос на когнитивните способности, и покрај малиот мозок и недостатокот на кортекс”, вели Лецнер.
Резултатите од тековната студија даваат делумен одговор за оваа тајна: токму поради нивниот мал мозок, и густина на нервни клетки, птиците можат да го намалат времето за обработка кај задачи кои бараат брза интеракција помеѓу различни невронски групи.































