Но, во една нова студија, еден лингвист од МИТ вели дека човечкиот јазик многу брзо се развил во софистициран систем. Наместо грофтање и мумлање, луѓето употребувале синтакса и структури слични на оние што ги користиме денес.
„Хиерархиската сложеност во денешниот јазик веројатно постоела во човечкиот јазик уште откога се појавил“, вели Шигеру Мијагава, професор по лингвистика и коавтор на студијата.
Да разјасниме, ова не е универзално прифатено тврдење. Многу научници сметаат дека луѓето најпрво користеле еден вид на „прото-јазик“ – рудиментиран примитивен вид на комуникација со само постепен развој на зборови и синтакса. Но, Мијагава смета дека поединечните зборови содржат траги од синтакса што покажува дека тие мора да поттекнале од постар синтаксички систем, наместо од едноставни примитивни искази.
Мијагава има алтернативна хипотеза за тоа како се создал човечкиот јазик. Тој смета дека луѓето искомбинирале „експресивен“ дел од јазикот (како што е на пр. пеењето на птиците) со „лексички“ дел (како на пр. мајмуните кои испуштаат изолирани звуци кои имаат некакво значење). Оваа „интегрирана хипотеза“ на Мијагава тврди дека што и да ги предизвикало овие делови на јазикот, тие се помешале брзо и успешно. Па така, еден збор може да биде внатрешно сложен дури и како цела фраза.
Јасен пример за ова е зборообразувањето, кога со додавање на наставки се формираат придавки, именки, глаголи итн. (Пример од англискиот јазик – nationalization)
Студијата на Мијагава е објавена во „Frontiers in Psychology“. Интелектуално се надоворзува на работата на други научници, како Ноам Чомски, кои сметаат дека човековите јазици се универзално поврзани и поттекнуваат од нашиот капацитет за користење на синтакса.