Бугарија го лансираше својот прв сателит во вселената

Првиот бугарски геостационарен комуникаицски сателит е лансиран во вселената, изјави бугарскиот оператор „Bulsatcom“ во саботата.

Сателитот „BulgariaSat-1“ кој ќе овозможи телевизиски и комуникациски услуги во Европа и Северна Африка, го лансира американската воздухопловна компанија „SpaceX“ од вселенскиот центар на НАСА „Kennedy“ кој се наоѓа во Флорида.

Овој сателит може да се користи во исклучителни ситуации, како што се земјотреси, пожари и поплави, кога мрежите на земјата нема да функционираат.

„Овој светски проект го започнавме пред повеќе од 10 години, свесни дека за неговото завршување ќе треба време, посветеност и сериозен тим“, вели Максим Зајаков, директор на „Bulsatcom“.

„Го лансиравме сателитот и станавме една од водечките вселенски земји во Европа, отворајќи го патот за развој на други високо-технолошки сектори во Бугарија, и талентирани специјалисти“, додава тој.

Сателитот ќе се позиционира на орбитата оддалечен од 36.000 километри над Земјата, и ќе биде во функција до 20 години.

Bulsatcom осигурал 235 милиони долари за овој проект со помош на Американската банка за увоз и извоз и конзорциумот на Европските банки, кој е предводен од Дојче банк.

Поддржете ја нашата работа: