Мутираните печурки од Чернобил ќе им помогнат на луѓето за живот на Марс

Научниците во вселената веќе испратија осум видови на печурки кои преживеале во областа на последиците по катастрофата во Чернобил, и токму тие ќе им помогнат на астронаутите да се заштитат, но и да се произведе пиво во вселената.

Нуклеарната катастрофа во Чернобил, би можела во иднина да биде пресудна за животот на луѓето на Марс, како и за одгледување на нови растителни видови, благодарение на печурките кои што растат во зоната околу некогашната нуклеарна електрана.

Голема количина на зрачење загадила голема област околу електраната, па научниците денес ги проучуваат долготрајните последици од зрачењето врз живите организми поради различни можности за нивна примена во медицината.

Еден тим од научници на НАСА се фокусирал на проучување на организмите, со цел да создадат нов “заштитен фактор” во случај на можност за живот на луѓето во вселената.

Минатата година во Меѓународната вселенска станица биле испратени осум видови на печурки од забранетата зона околу електраната. Тие се појавиле после катастрофата, а два вида постигнале особен напредок во озрачената област.

– Зрачењето во Чернобил е високо, а црните печурки први се појавиле после катастрофата, дури и пред бактериите, вели водечкиот научник на студијата, Кастури Венкатесваран. Тој објаснува дека се избрани печурки кои што опстанале поради кодирање на протеините или биомолекуларните информации кои што ги заштитиле од зрачењето.

Научниците се надеваат дека со проучувањето на овие печурки ќе успеат да создадат еден вид на заштитен фактор кој ќе ги штити астронаутите од вселенското зрачење, што претставува една од најголемите закани на долготрајните мисии во вселената или при престој на Марс.

Венкатесваран појаснува дека пред да се случи мисија на Марс ќе мора да се преземат највисоки мерки за заштита, па после враќањето на печурката на Земјата таа ќе биде и понатаму проучувана.

Но освен заштитата на астронаутите, организмите коишто опстоиле во радиоактивните подрачја на Чернобил ќе им помогнат на научниците и во развој на посеви кои би можеле да го преживеат космичкото зрачење или при одгледување на билки на други планети.

Имено, иако тука се работи за многу поголемо зрачење отколку она што е во вселената, начинот на којшто билките развиле толеранција ќе биде клучен за преживување на билките во вселената.

Венкатесваран вели и дека гените отпорни на зрачење би можеле да бидат уфрлени во квасец кој се користи за производство на пиво, со цел да се има пиво во вселената со подобар квалитет.

Поддржете ја нашата работа: