Радиоактивното зрачење и натаму останува во почвата на оддалечените региони, а животните се загадуваат преку храната.
Властите во Чешка предупредуваат на дивите свињи кои се наоѓаат во Југо-западниот дел од Земјата, кои се контаминирани од зрачењето предизвикано уште од нуклеарната катастрофа во Чернобил, која се случи пред 30 години.
Имено, дивите свињи во себе имаат голема доза на зрачење, што и после триесет децении се смета како штетна исхрана за човекот според здравствените прописи. Колку е голема дозата на зрачење која влијаела на растителниот и животинскиот свет после фаталната експлозија на реакторот во 1986та година, беше тема за истражување и големо значење за научните кругови.
Големата доза на радиоактивност во оваа област и натаму се смета за превисока за луѓето, а живиот свет таму, поради недостаток на население доживеа пораст.
Погледнете ги последиците од катастрофата во Чернобил кои донеасоа генетски мутации кај луѓето:
Многу диви свињи, волци, елени и други животни троструко ја зголемија својата популација, докажувајќи дека зрачењето не е препрека за живот. Свињите во Чешка, иако се прилично далеку од местото на несреќата, сепак покажуваат дека зрачењето не исчезнува и тоа би можело да предизвика здравствени последици. Тоа што животните ги има во поголем број, не значи дека се здрави за исхрана, објаснуваат експертите.
Погледнете го видеото за радиоактивните волци:
Се претпоставува дека животните го впиваат зрачењето преку храна, односно печурки кои растат на контаминирана почва, поради што доаѓа до акумулација на цезиум во организмот на животните.
Погледнете го видеото кое ги објаснува долгорочните последици врз животните од нуклеарната катастрофа во Чернобил: