Тоа што понекогаш разговараме сами со себе не само што е нормално туку е и корисно за нас.
Еве четири причини зошто:
1.Кога разговараме сами со себе, ние сме пофокусирани на она што го работиме.
Додека разговараме сами со себе за работните задачи што се пред нас, подобро ќе се концентрираме на важните работи и лесно ќе ги избегнуваме работите кои би можеле да не попречуваат во остварување на целите, пишува „Iheartintelligence“.
2.Вербализацијата на нашиот внатрешен дијалог ни овозможува да имаме контрола над него.
Проблемот со негативнит став кон себе е што тој е многу „тивок“ и не го забележуваме.На тој начин ние може и да не забележиме дека се гледаме себеси како глупави, мрзливи, грди или нељубезни, па наместо тоа, тие уверувања ги манифестираме со недостаток на самодоверба и преку авто-деструктивни навики. Меѓутоа, не можеме да го игнорираме тоа што ќе го вербализираме. Ако кажете на глас, на пример, „јас сум многу глупав за да го разберам ова“ , тоа ќе ви овозможи да станете свесни за негативниот став и да го корегирате, па така одговот на ова да биде „не сум глупав, само треба малку повеќе да се потрудам. Разговорот со самиот себе е канал за промена на однесувањето.
3.Зборувањето сам со себе ја подобрува меморијата.
Според едно истражување објавено во „The Quarterly Journal of Experimental Psychology“, луѓето кои зборуваат сами со себе полесно ќе ги пронајдат изгубените работи ако зборуваат на глас. Се работи всушност за фокусирање на она што не интересира и едноставно полесно ќе ги запаметиме работите што ќе ги изговориме гласно, отколку само да мислиме на нив. Кога зборуваме самите со себе, ангажираме повеќе делови од мозокот за поцесирање на релевантните информации, наместо еден или два.
4.Зборувањето сам со себе го олеснува нашиот напредок.
Кога разговараме сами со себе, ја поттикнуваме нашата потсвест однадвор.Понекогаш потсвесно сакаме да оствариме некоја цел, а всушност самата потсвест не спречува да го постигнеме тоа. Кога зборуваме сами со со себе , ние си даваме насока и мотивација.
Користете ги позитивните мисли за да дефинирате каква личност сакате да бидете.Потоа, вербализирајте ги своите цели за тие да станат вистински. Погледнете се во огледало секое утро, утврдете ги целите за тој ден и изговорете ги на глас ( на пр. денеска ќе бидам похрабар и ќе барам покачување на платата од шефот/ ќе ја поканам сосетката на кафе…).
Така ќе се поттикнете себеси на конкретен начин, а не само со надеж дека сѐ ќе биде добро.