Чудо од пијано

Изработено е од карбон наместо од  дрво и има рамка од леано железо. Рамката е отворена, што овозможува полесен проток на звук.  Широките, искривени ногарки го дуплираат звукот, додека традиционалните задни ногарки на пијаното  се споени. Атила Болега, кој заедно со Боганиј го креирал пијаното, вели дека речиси сите 18.000 компоненти на пијаното се преиспитуваат. Пијаното произведува многу моќен, избалансиран звук во однос на постоечките пијана со слична големина.

„Звукот прави да се чувствувате како да сте во меур. Сакав да отсвирам нешто и звукот беше шокантно јасен“, вели њујоршкиот џез пијанист Џералд Клејтон.

На Боганиј и неговиот тим им беше потребна  деценија за да го усовршат прототипот и околу милион долари. Поголемиот дел од средствата се обезбедени од унгарската влада. Клавирот на крајот ќе оди на продажба за околу 250.000 долари. И покрај цената, Боганиј  е сигурен пијанистите ќе бидат заинтересирани.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt