Дали аспарагусот предизвикува рак? Која храна содржи аспарагин и кои се вистинските ризици

Поради студијата која се шири на интернет во последните 5 дена, луѓето кои го прочитале нејзиниот наслов, се во потрага по индиции поради кои ќе заклучат дали аспарагусот навистина предизвикува рак.

После прочитаната студија, објавена во списанието Nature, која сугерира дека соединението наречено аспарагин (кое се наоѓа во зеленчукот) може да придонесе за ширење на агресивна форма на рак во телото, луѓето пребаруваат на интернет докази под разни термини, како на пример “аспарагусот предизвикува рак” или “аспарагус, рак на дојка”.

Но, сепак постојат неколку важни забелешки за оваа студија.

Прва работа е тоа што научниците го направиле испитувањето само на лабараториски глувци, но не и на луѓе. Глувците не се луѓе, и научниците добро знаат дека животинските модели не секогаш го манифестираат начинот на кој болестите функционираат во човечкото тело.

Натаму, аспарагинот не покажува дека предизвикува рак, па дури ни кај тестираните глувци. Соединението што го прави тројно негативниот ефект на рак на дојка се шири многу побрзо во малите глодарски тела.

Истиот ефект може да важи и за други видови на рак кај глувци, но се потребни повеќе истражувања кои ќе ги потврдат овие факти со сигурност.

Истражувачите, позади оваа студија велат дека ако понатамошните истражувања потврдат дека односот помеѓу аспарагинот и клетките предизвикува рак кај луѓето, тогаш можеби науката ќе направи пресврт и ќе најде полесен начин за лекување на ракот.

Тогаш лекарите ќе се во можност да размислат кои лекарства да ги даваат за да го блокираат аспарагинот во телото, или пак да препишат диета на чиј начин ќе го ограничат количеството на внесен аспарагин во човечкото тело.

Сепак, аспарагинот како хемиско соединение го произведува човекот, природно во своето тело, со козумирање на храна богата со протеини како млечни производи, говедско месо, живина, јајца, риба и други морски плодови. Аспарагинот е исто така присутен и во компири, ореви, мешунки, семиња, соја и тн, но со исклучително ниско ниво.

“Засега нема докази дека ограничувањето на некои видови храна помага во борбата против ракот, па затоа е важно пациентите да разговараат со лекар пред да донесат одлука за промена на исхраната.”, вели Мартин Ледвик од Британскиот центар за истражување на ракот.

Некои други истражувања покажаа дека промената во исхраната, сепак можат да влијаат на растот на ракот. Една деветгодишна студија, која беше завршена минатата година, покажува дека шеќерот може да го зголеми растот на туморот во живите клетки на квасецот (повторно не кај човечки клетки). Сепак науката вели дека истражувањата спроведени на лабораториски глувци се секогаш од помош за понатамошни истражувања.

Инаку, лекот за третирање на леукемија L-asparagine, има потенцијал да го забави ширењето на ракот на дојка. Кога глувците го добиле овој лек, се намалила способноста на ракот на дојка во ширење на други делови на телото на глушецот.

“Кога се намалила способноста на аспарагинот, бил видлив помал ефект врз примарниот рак на дојка, но се намалила и способноста за ширење на клетките на туморот во други делови на телото”, вели Грег Ханон, лидер на студијата од Универзитетот во Кембриџ.

Пред да паничите треба да знаете дека доколку науката знае повеќе за интеракцијата помеѓу аспарагинот и хемотерапевтските агенси, тоа ќе доведе до добивање на успешен коктел кој ќе лекува рак на дојка.

Кога лекувањето би било така едноставно, само со исклучување на одредени продукти од исхраната, научниците би имале победносен одговор, но засега, за жал не е така.

 

Поддржете ја нашата работа: