Дали гледањето порно е лошо за вашиот сексуален живот?

Дали склоноста кон гледање порно значи дека е лоша за активностите во кревет? Таков заклучок се добива од тврдењата на многу лекари и субјективни извештаи кои велат дека навиката на мажите да гледаат порно филмови, може да доведе до проблеми со постигнување и одржување на ерекцијата.

Меѓутоа, новото истражување направено од УКЛА и Универзитетот Конкордија – први кои практично ја тестираа поврзаноста помеѓу тоа колку мажите гледаат порно и еректилната функција, покажува дека гледањето порно филмови, тешко дека ќе предизвика еректилни проблеми, а може дури и да помогне во сексуалната возбуда.

Науката за сексот

Истражувачите ги анализирале податоците добиени од 280 волонтери, за ефектите од гледањето порно филмови и сексуалната возбуда. Сите мажи пријавиле колку време просечното, неделно гледале порно филови (бројката се движела од 0 до 25 часа)  и пополниле прашалник со кој се мерела сексуалната возбуда.

Од 280 –те волонтери, 127 имале редовни партнери и го комплетирале интернационалниот индекс за еректилнa функција (IIEF) – прашалник во кој се бара од мажите да го рангираат своето искуство со еректилната функција. На испитаниците исто така им бил прикажан филм, каде биле прикажани маж и жена во сексуален чин, а потоа тие се изјаснувале за нивото на нивната сексуална возбуда.

Анализата на податоците покажала дека мажите кои повеќе гледале порно филмови дома, биле повозбудени кога го гледале филмот во текот на испитувањето.

„Иако некои можеби ќе го оспорат ова велејќи дека е очекувано со оглед на тоа дека тие мажи сакаат порно филмови, резултатите се важни, бидејќи многу лекари тврдат дека мажите „отрпнуваат“ со гледање на вакви филмови. Иако оваа поврзаност не ја утврдува причината, таа докажува дека гледањето порно филмови дома не го затапува чувството, туку веројатно уште повеќе го зајакнува и мажите реагираат сексуално, многу посилно“ – истакнуваат истражувачите.

Порно ≠ проблеми со пенисот

Истражувањето исто така покажало дека не постои поврзаност помеѓу гледањето порно филмови и појавата на еректилна дисфункција кај мажи кои се сексуално активни.

„Многу лекари тврдат дека гледањето порно филмови ги прави мажите немоќни сексуално да одговорат на „нормална сексуална ситуација со својот партнер“. Тоа не е случај со нашето истражување“ – велат истражувачите.

„Иако многу луѓе мислат дека лесниот пристап до порното води до проблеми во спалната соба, нашето истражување го покажува токму спротивното. Еректилната дисфункција е најверојатно предизвикана од причини кои и до сега беа познати – страв од тоа каква ќе биде „изведбата“, кардиоваскуларни проблеми или од несаканите ефекти од злоупотребата на дроги“ – велат истражувачите.

Тие се сложуваат дека постојат многу психијатриски и други медицински третмани кои помагаат кај проблемите со ерекцијата. „Измислувањето на нови проблеми како ова дека порното  предизвикува проблеми со ерекцијата за која нема тестиран третман, само им прави лоша услуга на пациентите“- додаваат тие.

Спас за врските

Голема загриженост предизвика и тврдењето дека порното предизвикува зависност и ги уништува врските. Истражувачите велат дека нивните наоди ги негираат ваквите тврдења.

„Учесниците во нашето истражување претставуваат добар пресек на мажи кои редовно гледаат порно, а фактот дека тоа ја зголемува нивната возбуда на еротски стимул, би требало да е причина, лекарите и секс-терапевтите да го преиспитаат овој став“- велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: