Дали имаме втора шанса за прв впечаток ?

Првиот впечаток може да е од особено значење за животите на многу луѓе и да има исклучителна улога во донесување на клучни одлуки во кои се инволвирани како комуникацијата така и односите со другите луѓе.

Љубов на прв поглед – најчесто употребуваниот момент во повеќето романтични приказни, е само еден од првите впечатоци што може да произлезат од првите контакти со новите личности што ги запознаваме.

Меѓутоа дали првиот впечаток има вистинско влијание и колку е големо тоа влијание врз понатамошните односи и одлуки на луѓето, науката се’ уште нема доволно резултати за да ги потврди некои од резултатите што се добиени при експериментите со животни.

first

Една студија, објавена во списанието „Elife“, ги отвора вратите на мозокот за да открие како ние ги процесираме првите средби во сеќавањата. Истражувачите од Универзитетот Хаифа во Израел го анализираат емоционалното влијание врз првиот впечаток, откривајќи дека е клучен играч во создавањето спомени.

„Излегува дека различни емоции предизвикуваат мозокот да работи различно и на различни фреквенции”, вели водечкиот автор на студијата д-р Шломо Вагнер, невролог од Универзитетот.

„Најдовме врска помеѓу чувството на возбуда, ритмичката активност во одредени подрачја на мозокот и когнитивниот процес на формирање меморија. Во суштина, ова откритие објаснува зошто луѓето имаат тенденција особено добро да ја запаметат нивната прва средба со идниот пријател или партнер”.

Во првата фаза на експериментот, Вагнер и неговиот истражувачки тим проучувале стаорци и областите на мозокот кои се осветлувале за време на социјализација со други стаорци. Додека мозокот на стаорците светел од возбуда кога тие се соочувале со други стаорци за прв пат, истражувачите биле изненадени кога виделе дека делот од мозокот за формирање на меморија, светел истовремено. Кога стаорците се состанале по втор пат, активноста на мозокот во двете области се намалила.

hqdefault

Споредувајќи ги двете различни средби, истражувачите откриле дека мозокот првично работел „интензивно” под уникатен систем за комуникација со цел да се координираат двете области на мозокот. Но, како што животните се запознавале подобро, емоционалното поврзување на мозокот ослабнало. Излегува дека внимателно калибрираниот, синхронизиран систем на електрични сигнали е диктиран од оние првите емоции.

Стаорците- странци изнудиле високо ниво на возбуда, кое на крајот го олеснува формирањето на социјалната меморија. Но, за да ги тестираат емоциите, истражувачите споиле исплашени стаорци со други стаорци и забележале дека мозокот работи под различен комуникациски систем.

Кога негативна емоција, како стравот, е првична реакција наместо возбуда, во мозокот се создаваат различни електрични сигнали синхронизирани со меморијата. Тоа научно  ја потврдува идејата дека немате втора шанса за прв впечаток.

Претходно оваа година, тим на истражувачи од Одделот за психологија при Универзитетот во Њујорк открија дека способноста на мозокот да формира спомени е подобрена кога е поврзана со емоции. Тие, исто така, заклучија дека различни региони во мозокот биле под влијание на различни емоции и со текот на времето меморијата се зацврстила.

Можеме да заклучиме дека кога треба за првпат да се сретнеме со некој за кого сметаме дека може да е клучен за нашиот понатамошен развој и успех, да не ризикуваме и да се погрижиме дека првиот впечаток што ќе го оставиме ќе биде одличен.

Поддржете ја нашата работа: