Дали конечно е разрешена мистеријата на Бермудскиот триаголник?

IMAGE PROVIDED BY CHANNEL 5

Една од најголемите мистерии на планетата е токму мистеријата на Бермудскиот триаголник каде што мистериозно исчезнале многу бродови и авиони.

Сега, научниците сметаат дека се чекор поблиску до нејзиното разрешување бидејќи откриле огромни подводни кратери на дното на Баренцовото Море, во близина на брегот на Норвешка.

0ffef26069e4fac84ceeb058b7e06036

Иако овие кратери се наоѓаат далеку од Бермудскиот триаголник, кој се протега во Атланскиот Океан, од Бермуда, преку Флорида, до Порторико, тие може да бидат клучниот дел за објаснување за исчезнувањето на бродовите во оваа област.

Овие кратери се широки до 800 метри и длабоки до 45 метри, и научниците сметаат дека настанале како резултат на таложењето и експлодирањето на големи количини на метан, кој потекнува од брегот на Норвешка кој е богат со гас.

Ова подрачје со кратери е најверојатно најголемото жариште на метан кој се ослободува во плитката морска вода, пишува „Daily News Wire“.

Кратерите претставуваат потенцијално голем ризик за бродовите кои пловат по Баренцовото море, а можеби претставуваат и причина за исчезнување на бродовите и авионите во оваа област, велат научниците.

Тие ќе ги претстават своите откритија на годишниот состанок на Европската унија за геонаука, каде што експертите ќе анализираат дали ослободувањето на метанот е опасно за бродовите.

https://www.youtube.com/watch?v=XAHU7fyqFWI

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.