Откриени 6 мистериозни радио сигнали надвор од нашата галаксија

Во март, научниците открија 10 моќни радио сигнали кои доаѓаат од иста локација во просторот. Сега, научниците откриле уште 6 од сигналите кои навидум произлегуваат од истиот регион, далеку од нашиот Млечен Пат.

Овие брзи радио експлозии (FRB) се едни од најтаинствените експлозивни сигнали откриени досега во вселената. Тие траат само неколку милисекунди, но во тој краток период на време генерираат толку енергија како Сонцето во текот на целиот ден. Но, и покрај тоа што се толку моќни, научниците се´ уште не се сигурни што точно ги предизвикува.

Се до откривањето на тие 10 повторувачки сигнали во март, се сметаше дека овие радио експлозии се само еднократни настани, кои доаѓаат од случајни локации во просторот. И без видлива шема за нив, истражувачите останале збунети за тоа што би можело да ги предизвикува.

Причината што не знаеме ништо за овие сигнали не е дека тие се ретки, истражувачите проценуваат дека има околу 2.000 од овие експлозии во Универзумот секој ден, но тие се толку неверојатно краткотрајни што се отежнува нивното откривање.

Овие сигнали биле откриени во 2007 – мата година, и дури во почетокот на оваа година истражувачите успеале да видат еден како се случува во реално време. Обично, тие биле проучувани долго по завршувањето.

Но, сега кога се откриени 16 сигнали кои доаѓаат од истото место, научници конечно можат да ги намалат опциите за нивната причина.

Првите 10 радио експлозии кои доаѓале од тој регион и кои за прв пат биле идентификувани во март оваа година, всушност се случиле во мај и јуни во 2015–та година.

Не само што тие се првите сигнали откриени надвор од нашата галаксија (останатите се чини дека сите потекнуваат од нашиот Млечен Пат), туку тие исто така создале повторувачка шема на сигнали што досега не е видена.

6 од експлозиите биле регистрирани на радио телескопот „Arecibo“ во Порторико последователно на 10 минути секоја, а потоа уште други 4 сигнали следниот месец, кои сите доаѓале од истото место.

q4vyvhh

Кога тимот погледнал назад во податоците, тие забележале дека во 2012-тата година исто така, експлозивните сигнали доаѓале од истото место, вкупно 11 на број, укажувајќи на тоа дека таму надвор од Млечниот Пат има нешто што редовно ги предизвикува овие кратки и силни сигнали.

Сега откривме уште 6 дополнителни радио експлозии од овој извор: 5 од страна на телескопот „Green Bank“ на 2 GHz, и 1 од страна на опсерваторијата „Arecibo“ на 1,4 GHz, што значи сега се вкупно 17 сигнали кои доаѓаат од истото место, кое стана познато како „FRB 121102“ – велат истржувачите од Универзитетот Мекгил во Канада.

Тимот не може да ја посочи точната локација на ова место, но врз основа на специфичниот начин на кои нивните пониски фреквенции се забавуваат, тие можат да кажат дека доаѓа од многу далеку, надвор од Млечниот Пат, што е спротивно на доказите кои ги имаме за ваквите сигнали кои доаѓаат од внатрешноста на нашата галаксија.

Во моментов една од водечките хипотези за изворот на овие експлозивни сигнали е катаклизмичката колизија на две неутронски ѕвезди, која формира црна дупка. Идејата е дека при овој судир огромна количина на краткотрајна радио енергија се распрснува во вселената.

Но, повторувањето на овие далечни сигнали, сите доаѓајќи од истото место, укажуваат дека ова не може да е тој случај, барем за овие конкретни експлозивни сигнали.

Наместо тоа, овие 17 повторливи сигнали укажуваат дека станува збор за нешто помалку драматично, најверојатната хипотеза е дека станува збор за некој егзотичен објект како што е младата неутронска ѕвезда, која се ротира со доволно моќ за редовно да емитува екстремно светли импулси.

fastradiobursts_1024

Добрата вест е дека овие два вида на сигнали не мора да се контрадикторни едни со други, најверојатно има повеќе од еден вид, и со различно потекло. Ова е подржано со фактот дека овие радио сигнали се пошироки од еднократните настани кои доаѓаат од рамките на нашата галаксија.

Сепак, без повеќе докази, научниците се´ уште не можат да кажат со сигурност за што станува збор.

Па така, сега тие се обидуваат да откријат што е можно повеќе од овие сигнали, било дали од надвор или од внатрешноста на нашата галакција, и да се обидат да дознаат конечно од каде потекнуваат, бидејќи овие чудни настани може исто така да дадат увид и на другите мистерии кои се случуваат во нашиот Универзум.

Истражувањето е обавено во „ The Astrophysical Journal“.

Поддржете ја нашата работа: