Дали магнетната резонанца и КТ скенирањето предизвикуваат рак?

Едно ново истражување при што е вршено испитување дали е штетно да се прави магнетна резонанца (МРИ) за време на првото тромесечје од бременоста покажало дека нема зголемен ризик по безбедноста нити на мајката, нити на фетусот. Истражувањата исто така покажуваат дека контрасната магнетна резонанца каде се користат гадолиниумски соединенија е штетна во секој период од бременоста.

МРИ помага да се откријат абнормалности во органите, крвните садови и другите ткива. За да продуцираат детална слика од органите, меките ткива, коските и другите внатрешни телесни структури, машините за МР користат моќно магнетно поле и радиобранови, но дали тоа претставува значаен ризик за здравјето? Неодамна, истражувачите направија реевалуација на безбедното зрачење што се користи при МРИ и КТ скенирањето (компјутеризирана томографија). Новото истражување, што е објавено во „ЈАМА“, не открива поврзаност помеѓу МРИ и зголемениот ризик за фетусот, или во раното детство, но други истражувања на двата вида се недоволно убедливи, па затоа некои медицински експерти се против непотребното изложување.

Истражувачите од Националниот институт за рак во САД проценуваат дека 72 милиони КТ скенирања што се извршени во земјата во 2007 година, би можело да допринесат за појава на 29.000 идни случаи на рак. Покрај тоа, една студија од 2009 година покажува дека на секои 400 до 2.000 рутински КТ прегледи на градите има еден доплнителен случај на рак.

КТ скенот функционира преку комбинација на серија од рендген снимки направени од различни агли. Според „Scientific American“, при едно КТ скенирање, човечкото тело се подложува на 500 до 1.100 пати повеќе зрачење од конвенционалното рендген снимање. Федералната управа за храна и лекови на САД не регулира како се користи КТ скенирањето и не ја лимитира дозата, па затоа многу центри користат различна количина на зрачење.  

„Сѐ уште се расправа околу тоа дали постои мал ризик од рак. Но, најбезбедно е да се претпостави дека нема количина на зрачење која е безбедна. И ако после 20 години откриеме дека мало изложување не е штетно, што ќе изгубиме ако се обидуваме да ја минимизираме  дозата“- вели Доналд Фраш, шеф на детска радиологија на Медицинскиот центар при Универзитетот Дјук.

Тогаш, дали користа од МРИ и КТ скенирањето ги надминува ризиците? Со убедливите истражувања дека овие процедури можат да бидат штетни, научниците работат на тоа како да го намалат нивото на зрачење при медицинските снимања.

Извор: „Medical Daily“.

Поддржете ја нашата работа: