Едно истражување, спроведено на глувци покажало дека марихуаната го подобрува учењето и мемеоријата.
Со цел да го испитаат дејството на тетрахидроканабинол (ТHC) – активната супстанција на канабисот врз стареењето на мозокот, истражувачите од Универзитетот во Бон и Хибру Универзитетот им давале мали дози ТХЦ на глувци на возраст од два месеци (млади глувци), од 12 месеци ( возрасни) и 18 месеци (стари глувци), континуирано во период од 28 дена.
Научниците потоа направиле три стандардни тестови – тест за просторната ориентација, за препознавање на предмети и тест за препознавање на партнерот и откриле дека старите глувци кои примале THC имале подеднакво добро маморија како и младите глувци.
Меѓутоа, младите глувци кои добивале THC многу полошо ги извршувале задачите од тие кои не ја добивале оваа состојка.
„THC ги повратил когнитивните способности на старите глувци на ниво кое го имале во маладоста. Сепак, дејството е сосем спротивно кај младите глувци„ – вели коавторот на студијата Андрас Билкеи-Горц од Универзитетот во Бон.
Какви ќе бидат ефектите кај луѓе, сѐ уште останува отворено прашање, но научниците велат дека се подготвени наскоро да започнат слично тестирање и кај луѓе.