Сите ние навистина посакуваме да ја најдеме вистинската љубов, но дали модерната технологија, како што е онлајн состанувањето, прави тоа да ни биде полесно или потешко?
Тимот од „ Life Noggin“ неодамна го истражуваше ова прашање и дојде до некои прилично интересни одговори.
Модерната технологија ни овозможува неограничен пристап до потенцијални партнери на секој континент и од секоја култура. Но, дали поголемиот избор е навистина решение за подобар љубовен живот? Можеби не.
Според најновото видео на „ Noggin“ теоријата „Парадоксот на избор“ укажува на тоа дека колку поголем избор имаат луѓето, толку е поголема веројатноста тие да ја избегнуваат одлуката, или пак да не бидат задоволни од одлуката која ја направиле. Се чини дека изобилството на потенцијални партнери од онлајн страници и апликации за запознавање, може лесно да не остави разочарани и за жал, се´ уште несреќни.
Па, дали би биле посреќни доколку би немале никаков избор во нашиот љубовен живот? Според „ Life Noggin“ и тоа не е целосно точно. Од друга страна пак, теоријата на „Аверзија на единствена опција“ претпоставува дека доколку имаме само еден избор, дури и ако е атрактивен, ние се´ уште нема да бидеме желни да го избереме без некоја друга конкурентна опција.
Па оттаму е заклучокот – тајната на успешен живот на состанување лежи некаде помеѓу имањето на повеќе од еден избор но, далеку од неограничен број на можности.
Што се однесува до тоа дали состанувањето било полесно порано пред социјалните медиуми, навистина нема начин да се утврди тоа без разбирање на процесот на размислување кој ги водел оние од минатото до избирање на својата сакана личност.