Дали може да се контролира движењето на молњата?

Во помал обем, празнењето помеѓу две електроди се случува на ист начин. Па, како можеме да го контролираме движењето на струјата, односно молњата, за да се движи по претходно одредена патека? Професорот Роберто Морандоти, заедно со своите колеги, открил како да ги насочи електричните празнења, со помош на ласери.

Ова прашање било предмет на интензивно истражување, особено во 1970-тите години. Сега, научниците од Центарот за научни истражувања во Квебек, Канада, конечно го решиле овој предизвик. Нивниот експеримент покажува како различни ласери им даваат  различни својства и траектории на електричните празнења. Доколку се комбинираат ласерските зраци, може да се постигне и траекторија во форма на „S“.

 

Научниците покажале дека ласерскиот зрак којшто е блокиран од некоја пречка, може да се реконструира позади истата. За таа цел, тие поставиле некој предмет помеѓу електродите и забележале дека електричното празнење ја прескокнува пречката без да ја оштети, и се враќа кон својот ласерски водич на другата страна.

 


Истражувањето е објавено во “Science Advances“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt