Дали поинтелигентните луѓе живеат подолго?

Едно истражување спроведено на повеќе од 2.000 лица во Велика Британија покажува дека оние со повисок коефициент на интелигенција имаат поголема веројатност да живеат подолго.

Истражувачите ги анализирале податоците од едно истражување за ментално здравје од 1932 година, при кое на речиси секој 11-годишник во Шкотска, на истиот ден му бил даден иститот тест за интелигенција, а потоа бил следен животот на учесниците се додека не починале.

Дури и кога биле земени предвид други фактори, како економскиот статус или нивото на вработеност, истражувањето покажало дека попаметните деца живееле подолго од оние со понизок коефициент на интелигенција. Според пресметките, едно лице кое на 11-годишна возраст има коефицинет на интелигенција од 115 има 21% поголеми шанси да биде живо на возраст од 76 години, отколку некој со коефицинет на интелигенцијаа од 100 (општиот просек).

Научниците се’ уште не го разбираат ова во целост, но повеќе од 20 лонгитудинални истражувања (кои опфаќаат долг временски период) од целиот свет покажале слична поврзаност. Постојат неколку интересни хипотези, како на пример дека паметните луѓе ги избегнуваат работите кои може да ги убијат – се хранат поздраво, избегнуваат цигари, вежбаат почесто, ставаат појас додека возат и слично. Некои научници сметаат дека високиот коефициент на интелигенција е знак за ефикасен нервен систем и подобри реакции кои им помагаат на луѓето да живеат подолго, а други пак сметаат дека можеби гените придонесуваат за оваа врска.

Во секој случај, ова е комплицирана област на науката, со оглед на фактот дека резултатот на тестот за интелигенција не ја претставува директно интелигенцијата и може да биде под влијание на социјалната класа, образовните стандарди и други културни фактори. Но, поврзаноста помеѓу интелигенцијата и долговечноста постои и научниците се’ уште се обидуваат да дознаат зошто.

Поддржете ја нашата работа: