Духовите отсекогаш биле забележани во разни култури, а чудното чувство на присутност на нешто што не се гледа, отсекогаш го фасцинирал човечкиот ум.
Резултатите од оваа студија се објавени во списанието Current Biology и конечно разоткриваат дека разните регии во мозокот се активираат кога одредено лице има чувство на некакво присуство. Накратко, духовите се кријат всушност во нашиот мозок. Научниот тим од Ecole Polytechnique Federale de Lausanne (EPFL) од Швајцарија, точно знаат во кој предел на мозокот можат да се најдат духови.
Необјаснивата сензација на нечие невидливо присуство, односно духови, како што народски се нарекува таа појава, е всушност плод од човечкиот мозок во ситуации како болести, стрес или исцрпеност. Мозокот во такви ситуации губи поим каде точно се наоѓа во просторот.
Научниците сепак во лабораториски услови создале илузија на присуство на духови.
Тимот од EPFL вклучиле доброволци на кои им создале илузии на својствена невидлива присутност во лабораторија, со што понудиле објаснување за овој интересен феномен.
Тоа чувство често ги следело лицата кои пателе од некакви психијатриски или невролошки состојби. Исто така тоа чувство го доживувале лицата кои имаат изгубено некој близок член од семејството.
Во наведеното истражување, научниците го збунувале мозокот со помош на роботи кои ги допирале испитаниците по грбот и истото го поновувале додека лицето не почне само на себе да си ги повторува тие движења. Дел од испитаниците ова искуство го опишувале како чувство на нечие присуство, додека други како присуство на духови.
Еднаш откако мозокот прима таква информација, тој не ги перципира веќе како информации за сопственото тело, туку како интерпретација на туѓо присуство. Сите комуникациски недоразбирања се случуваат момеѓу фронталниот, темпоралниот и инсуларниот кортекс во текот на измената на информациите и нивната интерпретација.