Дали Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба?

Соопштението што оваа недела дојде од Северна Кореја дека успешно тестирала хидрогенска бомба предизвика гнев речиси во целиот свет, но исто така и сомнеж дека нешто такво навистина се случило.

Првите знаци за настан од ваква природа биле забележани од сеизмолозите од САД и Јужна Кореја кои во вторникот околу 9 часот попладне по источно време детектирале земјотрес со магнитуда од 5,1 степени. Епицентарот на потресот бил на 49 километри од  областа „Punggye-ri“ на североистокот на Северна Кореја, позната како локација на наводни претходни нуклеарни тестирања.

Официјалните лица од Корејската метеоролошка управа се сомневааат на вештачки предизвикан земјотрес и со Институтот за геонаука и минерални ресурси на Јужна Кореја вршат анализи за обемот и епицентарот на земјотресот.

Оваа демонстрација на хидрогенска бомба доаѓа еден месец по тврдењата на Северна Кореја дека поседува технологија за изработка на таква бомба, иако во тоа време изјавите беа третирани со значителен скептицизам.

Со скептицизам беше прифатена и објавата за новото тестирање со оглед на тоа дека хидрогенските бомби се многу помоќни од атомските, поради нивниот спој на нуклеарна фисија со нуклеарна фузија, додека атомската бомба се заснова само на нуклеарна фисија.

„Експлозијата што би ја предизвикале (со хидрогенска бомба) би била 10 пати поголема од она што тие го тврдат, изјави Брус Бенет, алитичар од Корпорацијата Ренд. САД  исто така го оспорија ова тврдење, но признаваат дека ќе биде потребно извесно време пред да можат научниците или разузнавачките служби да кажат со сигурност што навистина се случило.

За информации за радионуклеарната мрежа што овозможува да се детектираат нуклеарни експлозии во целиот свет погледнете го видеото подолу.

Поддржете ја нашата работа: