Дали Сонцето се обидува да ни каже нешто?

Доколку би се исправиле, нишките би биле долги околу 1 милион км, колку дијаметарот на Сонцето.

Нишките се поладни облаци од соларен материјал исфрлен на површината на Сонцето од моќни магнетни сили. Тие можат со денови да пловат без некои промени, но може и да еруптираат ослободувајќи соларен материјал кој или се враќа назад или пак оди во вселената и станува она што е познато како исфрлање на коронална маса, или коронална ерупција.

Оваа слика е направена на 28 мај, 2015 година, од страна на Соларната динамична опсерваторија на НАСА која 24 часа на ден го набљудува Сонцето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt