Дали Сонцето влијае на грмотевиците ?


Ова  тврдење е според истражувачите од Универзитетот во Рединг кои откриле дека во период од пет години во Велика Британија  се забележани околу 50% повеќе удари на гром кога Земјиното магнетно поле е  искривено од сопственото соларно магнетно поле.

Земјиното магнетно поле обично функционира како вградено  моќно поле, за да се заштити против бомбардирањето на честички од вселената, познати како галактички космички зраци, кои претходно беше пронајдено дека активираат синџир-реакција на настаните во  облаците со громотевици, кои предизвикуваат удари од гром.

Се надеваме овие нови сознанија, кои беа објавени на  19 ноември, може да доведат до сигурен  систем за прогноза на грмотевици што може да обезбеди предупредувања за опасни настани многу недели однапред.

За таа цел, метеоролозите ќе треба да ги  комбинираат конвенционалните прогнози со точни предвидувања на  спиралната форма на магнетното поле на Сонцето позната како  хелиосферно магнетно поле (HMF), која се исфрла надвор од Сонцето, ротира и се влече низ Сончевиот систем од страна на сончевиот ветер.

Со оглед на резултатите, се  предлага дека галактичките космички зраци се канализираат во различни локации низ целиот свет, што може да предизвика молња во веќе „наполнетите“ облаци. Измените во магнетното поле, исто така, може да  да ја зголемат  веројатноста за грмотевици дејствувајќи како дополнителна батерија во атмосферските електрични кола.

Ова откритие е важен чекор напред во нашето знаење за тоа како климата  на Земјата е под влијание на она што се случува во Универзумот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt