Зошто не ја чувствуваме ротaцијата на Земјата?

На екваторот, брзината на ротацијата изнесува околу 1.675 км. на час, што значи дека во моментов се движите со брзина од околу 465 метри во секунда, или нешто поспоро, ако сте поблиску до половите. Но, зошто не можеме да го почувствуваме тоа? Одговорот лежи во природата на движењето на Земјата.

Кога патувате со авион кој се движи со константна брзина и на константна височина, кога ќе го одврзете појасот и ќе станете да одите до другиот крај на авионот, вие не го чувствувате движењето на авионот. Причината за тоа е едноставна – вие, авионот и се останато внатре, се движите со иста брзина. За да видите дека авионот се движи, треба да ги погледнете облаците надвор.

Истото се случува и со ротацијата на Земјата. Нашата планета прави цел круг околу својата оска за 23 часа и 56 минути, притоа вртејќи се постојано со речиси константна брзина. Еден од начините да се почувствува движењето е да го почувствувате ветерот на вашето лице, но да не забoравиме дека и атмосферата се движи заедно со нас со истата брзина.

Кога Земјата би ја променила брзината, тоа сигурно би го почувствувале, и воопшто не би било пријатно, слично како нагло притискање на кочниците, ама во планетарни размери. Ако атмосферата би продолжила да се движи со 465 метри во секунда, тоа би ја збришало површината на планетата.

Па, зошто ротацијата на Земјата е толку константна? Бидејќи ништо не ја спречува во тоа. Кога нашиот Сончев систем се формирал, сите планети ја наследиле таа ротација. Сонцето, сите околни планети и нивните месечини, и се останато што е распоредено во нашиот Сончев систем и после милијарди години се врти поради инерцијата.

Тоа може да поремети под дејство на некоја голема надворешна сила или едноставно, целата оваа „дружина“ би требало да се судри со некој друг објект за да ја исфрли ротацијата од рамнотежа.

Како што беше спомнато, нашата планета се врти со речиси константна брзина. Уште попрецизно, Земјата по малку се успорува поради гравитациското влијание од Месечината. Како резултат на тоа, потребно е повремено да додаваме по една секунда на нашиот часовник, бидејќи ротацијата на Земјата се успорува за две илјадити дел од секунда. Овие промени во ротацијата на Земјата се толку незначителни за нашите потреби, па затоа се чини дека ништо не се случува.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt