Дали социјалните медиуми можат да го спречат ширењето на болестите?

Шон Јанг од Центарот за дигитално однесување на Универзитетот во Калифорнија, на 29-ти октомври објави труд за влијанието на социјалните медиуми врз предвидувањето, па дури и спречувањето на биомедицинските резултати и последици.

„Знаеме дека активирањето на социјалните медиуми ќе има огромни потенцијални бенефиции за многу области на медицината во иднина, но се уште сме во раните фази на тестирање на моќта на технологиите”, вели Јанг.

Со адекватно користење, социјалните медиуми нудат богат извор на психолошки и здравствени податоци генерирани во средина во која луѓето најчесто слободно ги споделуваат.

Неговата неодамнешната анализа на „Behavioral Insights on Big Data“ (BIBD) за ХИВ нуди извонреден увид за можноста на социјалните медиуми  да им помогнат на владите, здравствените служби, болниците и службите за мониторинг на состојбата на однесување на луѓето за да знаат каде, кога, и како  да се спречи пренесувањето на ХИВ.

Јанг вели дека луѓето на социјалните медиуми споделуваат премногу информации за својот приватен живот и оние кои на социјалните медиуми дискутираат за превенција на ХИВ, веројатно подоцна и ќе се тестираат.

Во контекст на превенцијата на ХИВ, „твитовите“, исто така, се покажале корисни за идентификација на луѓето кои во моментот или наскоро може да се вклучат во  ризичен сексуален однос или ризици поврзани со дрога. „Твитовите“ може да обележат одредени локации поврзани со ширењето на ХИВ.

Она што е потребно сега е надградена инфраструктура и софистицирани алатки за да се  ажурираат сите тие податоци. Само на „Твитер“ секојдневно се испраќаат околу 500 милиони соопштенија. Јанг и неговите соработници работат на пронаоѓање начин да се соочат со тој предизвик.

Стравувањата поврзани со приватноста во врска со ваквите начини на употреба на социјалните медиуми не треба да се игнорираат, но сепак, главната цел е подобрување на општото здравје и добросостојбата.

Подршката од пациентите и здравствените служби во однос на овој метод е забележителна, со оглед на тоа што луѓето веќе се навикнале на фактот дека повеќето корпорациите го користат овој метод за зголемување на профитот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt