Дали сте знаеле? Ова се најсмртоносните отрови на Земјата

Арсенот во количина колку капка дожд може да го убие човекот за два часа, но и тоа делува како шега во однос на она што следи.

Dominic Burgess од BritLab, ги претстави најдобрите отрови на светот. “Кога размислуваме за најсмртоносните отрови, на најголем дел од нас ќе ни текне на арсенот. Џорџ трети од Англија, Наполеон Бонапарта и кинескиот цар Гаунгксу, како што се смета делат една иста работа – сите тројца умреле од труење со арсен”, вели тој. Само 200 милиграми арсен, што одговара на приближно една капка од дожд, е доволна да го убие било кого во рок од два часа.

Прв знак на труење е метален вкус во устата, по што следи повраќање, напади и смрт. Звучи језиво, но дури и арсенот делува како практично безопасен кога се спореди со некои други супстанци.

Тетродотоксинот е отров кој е издвоен познатата сферична риба и од октопод (hapalochlaena). Овој отров, својата жртва ја остава парализирана, додека нејзиното тело поминува низ агонија. “Jазикот и устата почнуваат да печат, во устата доаѓа до вистинска ерупција на плунката и телото почнува ужасно да се поти”, објаснува Burgess.

Се додека жртвата е совршено свесна за она што и се случува не може да се помрдне. Смртта настапува по долги маки кои траат отприлика шест часа, а противотров не постои. Некои експерти сметаат дека вуду бајачите го користеле токму овој отров, но во премногу мали дози со цел кај поединецот да предизвикаат транс. Научна потврда за ваквата теорија сеуште не постои.

Најсмртоносните отрови често се неверојатно во близина на нашите домови. Еден од нив е гликозниот дигоксин, кој може да се пронајде во најобично цвеќе во нашите дворови, како што се олеандер, крин, напрсток и уште некои други. Само два килограми од овој отров, вешто распореден и дозиран е доволен за да го избрише човештвото од Земјата во целост.

Поддржете ја нашата работа: