Научниците од МИТ внимателно се обидуваат да ја намалат нашата севкупна зависност од вештачка светлина, нудејќи нови решенија, а едно од таквите решенија се растенијата кои светат во темнина.
Биолуминисценцијата како феномен за создавање светлина од страна на живи организми отсекогаш била фасцинантна, но често се пронаоѓа во природниот свет. Посебно се наоѓа помеѓу инсекти, риби, но исто така и на разни видови печурки и алги. На нашите простори најпозната по тоа е светулката.
Експертите сега имаат намера да го намалат корисењето на електрична енергија и конвенционалното улично осветлување, за да еден ден, како што се надеваат можат да го заменат специјалните растенија кои светат во темнина. Во овој контекст најмногу се спомнуваат дрвјата.
Целта на научниците е да создадат прототип на растение кои ќе ги има сите функции што денес ги поседуваат електронските уреди. Со оглед на тоа дека вештачкото електрично осветлување во светот денес ја сочинува околу 20 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија, јасно е дека нешто мора да се превземе.
Технологијата, опишана во списанието Nano Letters користи ензимот луцифераза (од латински lucem ferre – носител на светло) кој се наоѓа во гените на биолуминесцентните суштества како што се светулки, некои видови медузи, печурки, бактерии.
Од МИТ велат дека растенијата исто така можат и самите да се поправаат, бидејќи имаат своја сопствена енергија и веќе се спремни да се прилагодат на надворешната средина.
“Сметаме дека на оваа идеја и дојде времето да се реализира. Нашиот труд им ја отвора вратата на идните улични светилки кои не се ништо друго, освен третирано дрво кое обезбедува неизмерно осветлување околу нашите домови”.
За почеток ќе се користат саксии бидејќи и растенијата ќе емитираат светлина во траење од 45 минути. Научниците посве ваквиот обид успеале да го продовжат наведеното време за дури 3 и пол часа. Иако тие мали растенија емитираат илјадити дел од светлината, научниците веруваат дека со понатамошно истражување треба да се дојде до многу поголем напредок.
Самата цел во долгорочна смисла е развој на технологијата во вид на боја која ќе се нанесува на лисјата од растенијата додека сеуште се во облик на садници, така што дрвјата и разни други растенија ќе бидат претворени во светлински извори што треба да потрае во текот на целиот нивен животен век.