Дали треба да пиеме по 8 чаши вода дневно?

За оние кои што се борат да ги испијат препорачаните осум чаши на вода дневно, имаме добри вести: едно ново истражување сугерира дека ова „правило“ не мора да важи за сите.

Наместо тоа, истражувањето покажува дека постои едноставен начин за да дознаеме колку вода треба да пиеме дневно – треба само да го слушаме нашето тело.

Ова би можело да звучи прилично нејасно, но истражувачите успеале да покажат за прв пат дека кога на луѓето повеќе не им е потребно да пијат вода, физички станува тешко да се проголтува. Значи, поточно, треба да го слушаме нашето грло.

Ова е прв пат да се идентификува механизмот кој го регулира внесувањето на течности и не спречува од прекумерно пиење, и со тоа се засилува фактот дека потребите за вода кај секого се различни.

„Доколку го правиме она што телото го бара од нас, ние најверојатно ќе постапиме најправилно – пијте според жедта, а не според одреден распоред“ – изјавува главниот истражувач Мајкл Фарел од универзитетот „Монаш“ во Австралија.

Добрата вест е тоа што дури и ако пиете осум чаши вода секој ден по распоред, веројатно нема да предизвикате никаква штета, но сепак на некои луѓе им е потребно и повеќе од тоа, на некои пак помалку.

8-glasses-of-water-a-day-image

Па имајќи го ова на ум, ние знаеме кога треба да пиеме повеќе вода бидејќи сме жедни, па како да знаеме кога ни е доволно?

Прекумерното пиење всушност е вистински проблем и може да доведе до нешто што се нарекува интоксикација со вода или хипонатремија – кога нивото на натриум во крвта станува премногу мало што може да доведе до сериозни проблеми почнувајќи од летаргија и гадење до напади, кома, па дури и смрт.

Досега, никој не успеал да открие како телото го регулира ова и што не спречува од пиењето на премногу вода.

Во своето истражување, Фарел и неговиот тим побарале од 20 учесници да го оценат износот на напор потребен да се проголта водата под два услови: после вежбање кога тие биле жедни, а потоа подоцна кога биле убедени да испијат одреден вишок на вода.

Тимот открил дека напорот се зголемил три пати откако луѓето имале испиено многу вода – што е знак дека телото регулира колкаво количество на вода се внесува со тоа што прави да е физичко потешко да се испие.

Тимот исто така користел функционална магнетна резонанца (ФМРИ) за мерење на активноста на мозокот пред луѓето да ја испијат водата под овие два услови, и кога тие пиеле премногу вода имало поголема активност во десната префронтална област на мозокот.

Тоа сугерира дека фронталниот кортекс интервенира за да се потисне непријатноста при голтањето, за учесниците можат да го испијат количеството на вода што им е потребно на истражувачите.

water-recommendations

Иако истражувањето опфаќа мал број на примероци, сепак, тоа е позитивен прв чекор во почетокот на разбирање за тоа како нашето тело го контролира внесувањето на течности и може да им помогне на луѓето да прават подобар избор за пиењето – особено доколку тие се борат за да ги постигнат дневните потреби и се принудуваат да проголтаат одредено количество на вода.

Потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат овие резултати, како и тоа дека непријатноста при голтањето е одговор на прекумерно пиење.

Во меѓувреме, слушајте го вашето тело. Доколку навистина не сака да проголта повеќе вода, тоа може да значи нешто.

Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Поддржете ја нашата работа: