Џиновски алигатор стана сензација на Флорида (Видео)

Посетителите на паркот во Флорида, биле повеќе од изненадени кога на само неколку метри оддалеченост здогледале алигатор, како сцена од паркот Јура, со големина на помал автомобил.

Алигаторот кој веднаш го доби прекарот “Грбавец” е снимен од страна на Ким Џоинер, која очигледно не се вознемирила од неговата наметлива појава, а видеото го објавила на својот фејсбук профил, кое е веќе споделено повеќе од 18.000 пати.

Гледајќи го видеото, многу жители на Флорида одлучиле да го посетат местото каде е направено ова видео и лично да се осигураат во постоењето на популарниот алигатор, пишува „Daily Mail“.

 

Поддржете ја нашата работа: