Диносаурусите се дрогирале?

Откривањето на фосилот на габичка стара 100 милиони години, која имала отровни ефекти кои го „менуваат умот“, ја отвора можноста дека диносаурусите…се дрогирале.

Зачуваниот дел од ергот, психоделична габа која растела на врвот на тревата „spikelet“, е пронајден во парче килибар, во Бурма (сегашен Мјанмар во Азија).
853fИстражувањето е објавено во научното списание „Palaeodiversity“ и истражувачите со сигурност тврдат дека овие треви се наоѓале во стариот свет пред 100 милиони години, односно дека со сигурност не се развиле по исчезнувањето на диносаурусите.

Ова откритие е важно бидејќи им помага на научниците да го откријат временскиот развој на тревата, која всушност ја претставува основата на синџирот на исхрана на луѓето, односно растенијата како на пр. пченката, оризот и пченицата и исто така покажува дека оваа паразитска габичка можеби се наоѓа околу нас исто толку колку и тревите, и како токсин, и како природен халуциноген.

Габичката ергот е нешто како предвесник на ЛСД. Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат житарици кои ја содржат оваа габа, можат да развијат симптоми како на пр. манија или психоза, халуцинации, грчење на мускулите или конвулзии, а една од посериозните последици е гангрената, бидејќи габата ги стеснува крвните садови.

Сауроподите со сигурност ја јаделе, бидејќи се хранеле со трева којашто ја содржи, но не можеме да знаеме каков ефект имала на нив“, заклучуваат научниците.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: