„Дизајнираните бебиња“ би можеле да претрпат несакани мутации

Технологијата Crispr-Cas9 која се сметаше за идеална за создавање на дизајнирани бебиња кои би ги имале саканите генетски карактеристики, се темели на сечење и лепење на помали парчиња ДНК, а таквото бришење и поправање на расипани гени теоретски звучи добро кога ќе се земат разните сериозни заболувања.

Имено, новото истражување покажува дека Crispr, исто така може да доведе до низа несакани и потенцијално штетни мутации на ДНК, или поточно, на гените кои не се третирани со технологијата. Ова откритие би можело да има ефект на спречување на клиничките тестирања, кои требаше да започнат во САД, а веќе се воведени во Кина.

“Сметаме дека е важно научната заедница подобро да ги разгледа потенцијалните ризици од овие мутации”, вели коавторот на студијата Д-р Стивен Цанг со Медицинскиот центар на Универзитетот во Колумбија.

Инаку Crisp беше дочекан како ефтин и ефикасен начин за добивање на “дизајнирани” деца. Не толку поради некои специфични физички својства, како што се боја на косата или висина, туку поради децата кои би биле без наследни генетски болести (како што се, на пример, астма или вродено слепило).

Новооткриените мутација може да доведе до резултат, да некои од нив може да бидат опасни по живот. Ако таквите мутации погодат некој важни ген, како што е оној кој се бори против тумор, би можеле да се создадат несакани проблеми.

Повеќето студии кои претходно ги испитувале несаканите мутации предизвикани од CRISPR технологијата, користеле компјутерски алгоритми за да ги предвидат областите кои најверојатно, ќе бидат под влијание на бришење или имплантација на парчиња од ДНК. Сепак, не се проучувал целиот геном, туку мала количина на ткиво, а во тој случај алгоритмот добро функционира.

Д-р Цанг и неговиот тим, кај глувци успешно го исправиле генот кој предизвикувал слепило, но се покажало дека нивната ДНК е погодена од околу 1500 мали мутации на нуклеотидот, а тоа било пропратено со уште преку 100 поголеми непланирани промени во ДНК. Кај ниту една од овие мутации не се користени компјутерски алгоритми.

Поддржете ја нашата работа: