ДНК анализа на водата од Лох Нес

Научниците сакаат да дознаат повеќе за флората и фауната во познатото езеро Лох Нес.

Професорот Неил Џемел од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд, верува дека со помош на ДНК анализа на водата од Лох Нес ќе дознаеме многу повеќе за растителните и животинските видови. Тој не верува во легендата дека во езерото живее Неси.

Од теориите кои ги знаеме, едната вели дека Неси е воден плесиосаурус со долг врат кој некако успеал да го преживее периодот кога изумреле диносаурусите, иако езерото Лох Нес било формирано многу подоцна. Другата теорија е дека чудовиштето е всушност многу голем сом или јагула.

Професорот Џемел верува дека секогаш постои научно објаснување, бидејќи се што живее во езерото позади себе мора да остави примероци од ДНК – од кожата, перјата или од урината, а сето тоа ќе го истражи тој и неговиот тим од научници.

Неговиот тим ќе земе 300 примероци од водата на различни точки во езерото и на различни длабочини, за потоа водата да се исфилтрира и да се извлечат ДНК примероци врз кои ќе биде употребена технологија смислена за идентификување геноми кај луѓето, а резултатите ќе бидат познати кон крајот на годинава.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt