ДНК не е одговорна за сите наследни карактеристики

 

Научниците ги проучувале протеините во клетките, познати како хистони, кои не се дел од генетскиот код, но се познати по својата контрола при активирањето на гените. Откриле дека промените на овие протеини, кои настануваат по природен пат, може да се задржат од една до друга генерација и така да влијаат на тоа кои особини ќе се наследат, а кои не.

Ова откритие за прв пат покажува дека не е само ДНК одговорна за наследните карактеристики. Исто така, може да обезбеди информации за тоа дали промените на хистоните, кои се предизвикани од условите во средината како на пример стресот или исхраната, може да влијаат на функцијата на гените кои се пренесуваат на потомството.

„Ова истражување го потврди нашиот сомнеж дека наследните карактеристики може да се епигенетски, што значи дека не се сведуваат само на промените во ДНК, па сега останува да се види колку често се случува

овој процес“, велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во „Science“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt